Организатор на играта:
ДООЕЛ ПЛЕЈ ИН - Кочани
Ул. Димитар Влахов бр.37 Кочани
Член 1
Предмет обложување - погодување на резултати на фудбалски натпревари и други спортски натпревари во земјата и во странство кои организаторот ќе ги понуди на учесниците за обложување.
Учесникот може да се обложува на следниве видови на игри:
- Конечен тип - минимум 3 натпревари ( минимум 3 натпревари со знак X или 2 )
- Дупла шанса - минимум 4 натпревари
- Вкупно голови - минимум 2 натпревари
- Голови во прво полувреме - минимум 2 ( 2+ ) или 4 ( 1+ )
- Тип на прво полувреме - минимум 3 натпревари
- Прво полувреме - крај ( 45-90 ) - минимум 2 натпревари
- Точен резултат - минимум 1 натпревар
- Микс - сите горенаведени игри, ако се исполни минимумот од било која игра
- Прв дава гол - минимум 4 натпревари ( не може да се врзува со други игри )
- Специјален хендикеп - минимум 3 натпревари ( не може да се врзува со други игри )
- Замислени натпревари - минимум 4 натпревари
- Повеќе голови во прво полувреме - минимум 4 натпревари
- Кошарка - минимум 3 натпревари
- Хокеј - минимум 3 натпревари
- Сингл - минимум 1 натпревар
- Обложување во живо ( еден натпревар по избор на приредувачот )
- Тенис - минимум 3 натпревари
- Ракомет - минимум 3 натпревари
- Ватерполо - минимум 3 натпревари
- Парен - Непарен број на голови - минимум 4 натпревари
- Дава - Не дава гол ( домакинот - гостинот ) - минимум 4 натпревари
- Тотализатор - ( 12 ( дванаесет ) натпревари по избор на приредувачот )
- Супер сингл - ( еден натпревар по избор на приредувачот )
- Супер специјал - минимум 4 натпревари ( не се врзува со останатите видови на игри )
Член 3
Учесниците ќе пополнуваат талони за погодување на спортски натпревари на кои ќе ѓи назначуваат сите важни елементи потребни за учество во обложувањето пропишани од организаторот.
Член 4
При наплата на евентуална добивка ќе се признава само ливчето заверено од организаторот на кое притоа нема никакви допишувања или преправања.
Член 5
Добитна комбинација е онаа на која нема промашено ниту еден тип.
Член 6
Износот на уплата по талон, по комбинација и максимална исплата по талон на учесниците ќе бидат истакнати на огласна табла и ќе бидат објавени во билтенот на спортската обложувалница ( минимум уплата по талон 20 денари, минимум уплата по комбинаија 2 денари, максимална исплата по талон 300.000 денари ).
Член 7
Учесниците во играта се должни да ѓи почитуваат правилата за минималниот број на натпревари во секоја игра наведени во Член 2.
Член 8
Важечки е резултатот во регуларниот тек, а евентуалните продолжетоци не се земаат во предвид.
Во случај на одложен или прекинат натпревар, а истиот се одигра до крајот на колото важи постигнатиот резултат.
Доколку натпреварот не се одигра до крајот на колото важечки се следниве правила:
- ФУДБАЛ, КОШАРКА, РАКОМЕТ, ВАТЕРПОЛО, ХОКЕЈ, ОДБОЈКА, БЕЗБОЛ И АМЕРИКАНСКИ ФУДБАЛ ( РАГБИ ): Ако натпреварот се прекине во било кој временски термин, без разлика од кој причини , истиот се прогласува за неважечки и се пресметува со коефициент 1.00 во сите видови на игри.
- ТЕНИС: Доколку дојде до предавање било кога во текот на натпреварот ( предавање на терен ) или дојде до предавање на натпреварот пред почетокот се пресметува со коефициент 1.00 во сите видови на игра врзани со тенисот. Во случај на погрешен пар во тенис, парот се прогласува за неважечки (поништен), и за тој пар, за сите игри важи коефициент 1.00 во сите видови на игри врзани со тенисот. За тениските натпревари не важи правилото по кое се пресметува коефициент 1.00 ако истиот не се одигра до крајот на колото, се чека неговиот финален резултат.
- ФОРМУЛА 1, МОТО ТРКИ, СКИЈАЊЕ И АТЛЕТИКА: Победник на трката и победник на натпреварот се смета дека е оној кој прв стигнал до целта. Дополнителни одлуки немаат значење на резултатите во обложувањето. Доколку учесникот во натпреварот не се кфалификува за трките сите типови за истиот натпреварувач се сметаат за промашени. Доколку натпреварувачот се откаже од трката пред самиот почеток за пол позиција сите типови се неважечки и се пресметуваат со коефициент 1.00. Доколку натпреварувачот не успее да стартува на трката, се смета дека изгубил, освен во случај кога неговиот противник не се ни кфалификувал за истата. Ако еден или двајцата натпреварувачи се откажат од трката, за победник се смета оној кој подолго време останал.
- ТОТАЛИЗАТОР:
- Натпреварувачки двојки:
- Талон:
- Бонус:
- Исплата:
- Пратење на талоните:
- Останато
Организаторот покрај 12-те пара дава и две натпреварувачки двојки како резервни двојки, од којшто првата ја заменува првата натпреварувачка двојка по реден број што нема да се изигра од зададените 12 ( доколку дојде до одложување или прекин на некоја натпреварувачка двојка ).
Организаторот го задржува правото на измена на правилата и условите за играта Тотализатор.
За сите измени на истите, играчите ќе бидат благовремено известени на огласната табла или во тековниот билтен.
Организаторот го задржува правото на измена на правилата и условите за играта Тотализатор.
За сите измени на истите, играчите ќе бидат благовремено известени на огласната табла или во тековниот билтен.
Член 10
Во случај на прекин или одложување на натпревар од било кој причини се применува Член 9.
Член 11
Во случај на ПРЕДВРЕМЕНО одигрување на еден или повеќе натпревари од означеното време во билтенот тој натпревар / ри се пресметува со коефициент 1.00. Уплатата на играчот му се враќа во целост доколку тој натпревар е одигран како сингл.
Член 12
Во случај на грешка од страна на организаторот поврзана со коефициентот, времето или местото на одигрување на натпреварот организаторот го задржува правото тој натпревар да го прогласи за неважечки и се пресметува коефициент 1.00 во сите игри, доколку при тоа на истиот натпревар не направил измена на коефициентот. Доколку организаторот направил промена на коефициентот важечки е коефициентот во моментот на уплатата.
Член 13
Организаторот има можност да ги измени коефициентите објавени во билтенот. Известувањето за евентуалната промена ќе биде истакнато на огласната табла во уплатните места. За играчите важечки е коефициентот во моментот на уплата.
Член 14
Уплатата може да си изврши до почетокот на секој натпревар.
Член 15
На секое ливче треба да се наведе видот на играта, бројот на одиграни комбинации и шифра на одиграниот натпревар, во спротивно ливчето се смета за неважечко и ќе се изврши враќање на уплатата во целост.
Член 16
Исплата се врши по официјалното објавување на резултатите на огласната табла, а најдоцна во рок од 60 дена. Доколку играчот не дојде за исплата во одредениот рок че се смета дека се откажал од исплатата и обложувалницата го задржува правото исплатата да не ја изврши по одредениот рок. Доколку на примерокот на ливчето кое се наоѓа кај учесникот се забележи дека не одговара на оригиналот ( кој се наоѓа во обложувалницата ), ( дополнително допишана шифра или други игри ) се смета за нерегуларен и исплатата нема да биде извршена.
Член 17
Играчите со уплата потврдуваат дека ѓи прифатиле правилата на игра пропишани од страна на Организаторот.
Член 18
Услов да се учествува во играта е играчите да не се помлади од 18 години и да се придржуваат на правилата на играта на среќа обложување на спортски натпревари кој ѓи одредил приредувачот на истата.
Член 19
Овие правила ќе бидат истакнати на видно место во уплатните места на организаторот. На тој начин се смета дека секој учесник е запознаен со овие правила и во целост ѓи прифаќа.
Член 20
Резултати се добиваат од интернет и од телетекст.
Член 21
Играчите сами, по свој избор се обложуваат на одделни спортски натпревари кои се претходно објавени ( се разбира со соодветните коефициенти ) во билтенот кој го издава Организаторот. Значи играчите сами ја одредуваат уплатата, бројот на натпреварите ( важно е да биде исполнет некој од условите во Член 2 ), односно сами си ја одредуваат висината на евентуалната добивка т.е. добитниот коефициент. Добивката се утврдува по пат на компјутерска обработка на сите талони. Во случај на добивка играчите се појавуваат на касата на благајната и со предавање на талонот кај овластеното лице истиот ќе биде исплатен.
Организаторот води посебна евиденција за сите примени уплати и сите извршени исплати.
Член 22
Учесникот е должен да го провери талонот кој претходно го заверил кај Организаторот и евентуалните забелешки да ги поднесе кај Организаторот најдоцна до почетокот на првиот натпревар на талонот.
Член 23
Незадоволната странака има право на приговор во рок од 8 ( осум ) дена.
Член 24
Овој правилник стапува во сила од денот на негово објавување.
Член 25
Во случај на било каков спор помеѓу учесниците и Организаторот, кој не ќе може да се реши со меѓусебна спогодба, надлежен за негово решавање е Основниот Суд во Кочани.