| Галиани бесен на обвинувањата дека тој ’манипулира’ со Серија А |
| Вторник, 02 Март 2010 16:44 |
|
Ниту Калчополи скандалот од 2006 и паѓањето на Лучијано Моџи не придонесоа за луѓето да сопрат со шпекулациите дека се случува нешто ’зад сцената’. Во последно време многу клубови се незадоволни од судиските одлуки а најгласни беа Интер и Мурињо, кој добија и големи казни. Вчера самиот Моџи го обвини Адриано Галиани дека подготвува досие за судиите кое подоцна ќе го достави на властите идицирајќи дека потпретседателот на Росоњерите подготвува нов Калчополи бран. Денес на прашање на еден новинар, дали тој е така наречениот ’Голем Манипулатор’, Галиани бесно одговори: “Ти мора да си луд.” Потоа потпретседателот на Росоњерите без да одговори на ниту едно друго прашање влезе во канцелариите на Лига Калчо.
|