Пато надвор од тимот против Рома, неизвесен за дуелот со Манчестер Јунајтед
Вторник, 02 Март 2010 16:37
Повредата на младиот фудбалер на Милан бразилецот Алесандре Пато не е толку сериозна како што изгледаше во прв момент. Пато се повреди на дуелот со Аталанта во неделата кој Милан го доби со 3:1 на домашен терен. Пато кој игра во инзвонредна форма пшо враќањето од повредата има големи шанси да настапи на дуелот против Манчестер Јунајтед кој ќе биде реванш од 1/8 финалето во Лигата на Шампионите. "Росоњерите" загубија со 2:3 на првата средба во Милано. Сепак Пато нема да може да се врати навреме за важниот дуел кој Милан го има овој викенд во Серија А против екипата на Рома. Денес се очекува да бидат направен нови медицински тестови. Можно е местото на младиот играч да го заземе поранешната звезда на "волчицата" Аманатино Мансини. Во случај Пато да не може да настапи и на дуелот против Манчестер тогаш тренерот Леонардо ќе му укаже шанса на англискиот ветеран Дејвид Бекам во стартниот состав, а нападаот на "Росоњерите" според "Газета дело Спорт" ќе го предводат Марко Бориело и Клас-Јан Хунтелар. Мансини не е вклучен во списокот за играчи кој настапуваат во Лигата на Шампионите оваа година во дресот на Милан.

МК Радиа

Анкета

Кој ќе биде Светски Шампион во Фудбал?
 

Присутни

Има 5 гости присутни
Сподели на FaceBook
Следете не на Facebook