Морати: Мурињо ќе остане до крајот на договорот
Вторник, 02 Март 2010 16:34
Жозе Мурињо ќе остане во Интер и следната година, тврди претседателот на клубот Масимо Морати. Португалскиот стручњак во последно време "го селат" повторно назад во Англија како и на клупата на Реал Мадрид, но Мурињо ќе остане во Интер до крајот на договорот до јули 2011 година тврди претседателот Морати. "Мурињо има важечки договор со Интер до 2011 година, а многу забораваат дека тој е голем професионалец" изјави Морати, сметајќи дека португалецот во потполност ги исполнува својте обврски. "Освен тоа Мурињо го заслужува секое евро кое го заработува. Пази на секоја ситница и многу е концентриран на работата на тренинзите" го пофали Морати својот тренер. Дури трите натпревари казна кој ги доби Мурињо поради гестикулациите на натпреварот против Сампдорија даваат дополнителни аргументи за неговото заминување од Италија. "Убеден сум дека Мурињо ќе остане" додаде Морати.

МК Радиа

Анкета

Кој ќе биде Светски Шампион во Фудбал?
 

Присутни

Има 3 гости присутни
Сподели на FaceBook
Следете не на Facebook