| Ето: Мурињо ги знае сите тајни на Челзи |
| Вторник, 23 Февруари 2010 12:14 |
|
Самуел Ето минатата сезона како член на Барселона имаше два дуели против Челзи во полуфиналето од Лигата на Шампионите, па добро ги познава Сините. Но, Интер го има и Жозе Мурињо кој најдобро го познава овој тим на Челзи. И Ето вели дека Мурињо ќе им ги открие сите сите слаби точки во тимот на Челзи во пресрет на утрешниот дуел од Лигата на Шампионите. "Мурињо е релаксиран и нормално е дека тој сака да го види најдоброто од нас на дуелот против Челзи. Можете да бидете сигурни дека тој ќе ни ја каже секоја тајна за нивната дефанзивна линија" - вели Ето. "Мислам дека тоа ќе биде многу тактички натпревар во текот на сите 180 минути". "Неопходно е да имаме мирни подготовки колку што е тоа можно повеќе. Вознемиреноста е негативна бидејќи ова е време кога треба да бидеме силни. Но јас сеуште го немам видено Мурињо нервозен". Самуел Ето имал многу дуели против Дидие Дрогба, повеќето од нив биле на Африканскиот континент на дуелите помеѓу репрезентациите на Камерун и Брегот на Слоновата Коска, тој смета една од клучните работи е да се запре напаѓачот на Челзи. "Ова не е дуел помеѓу Дрогба и Ето бидејќи ние многу пати сме се сретнале во изминатите години и сме покажале што знаеме. Но Интер треба да го сопре Диди со цел тој да не создаде многу проблеми пред нашиот гол". "Тоа ќе биде клучот за нас но нема да биде лесно. Челзи има и други одлични играчи. Јасно е дека Михаел Есиен е еден од најдобрите африкански фудбалери". "Џон Тери е добар дефанзивец. Јас сум се борел против него многу пати за време на мојата кариера во Барса". "Но јас сум секогаш оптимист и верувам дека Интер има сериозна шанса да го победи Челзи" - заврши Ето.
|