|
Бразилскиот напаѓач на Јувентус, 29-годишниот Амаури дефинитивно одпадна од листата фудбалери на кои италијанскиот селектор Марчело Липи смета за Светското Првенство во Јужноафриканската Република.
Практички во последните година дена медиумите предвидуваа дали Амаури, кој е на пат да стане италијански државјанин, ќе влезе во изборот на Липи кој ќе патува на Мундијалот бидеќи никогаш и не го облекол дресот на Бразил, а и самиот изрази желба да заигра за „аѕурите“.
„Останаа пет или шест места слободни во репрезентацијата. Толку недоумици останаа кои ќе го потполнат мозаикот.“
„Во мај ќе ја донесам одлуката врз основа на формата на самите играчи. Сите фудбалери имаат своја прилика, но искрено „ориундите“ имаат помалку шанси. Имаме доволно италијански играчи.“ - така можноста Амаури да заигра за Италија, селекторот децидно ја отфрли.
Изразот „ориунди“ во Италија означува имигранти со некое италијански потекло, кои се родени во странство, а во текот на живото се вратиле/работат на Апенинскиот полуостров.
Со својата изјава Липи практички ги закопа сите надежи на напаѓачот на Јувентус за заминување на СП, како и надежите на бразилскиот играч за врска на Рома Родриго Тадеи, кој имаше слични соништа како и Амаури. |