|
Барселона успеа да го победи Гетафе со 2-1 синоќа но загуби двајца клучни играчи, но не за долг временски период. Дани Алвеш и Јаја Туре ќе треба да одмараат откако се здобија со повреди.
Бразилецот заработи повреда уште на загревањето пред почетокот на натпреварот и беше заменет во стартниот состав од страна на Максвел.
На крајот се покажа дека станува збор за растегнување на мускулот на десната нога, причина поради која нема да може да игра во наредните 3 недели.
Тој го пропушти и минатиот натпревар против Ваљадолид но се очекуваше дека ќе може да игра против Гетафе со оглед на фактот дека ги поднови тренинзите со тимот. Неговиот недостиг на теренот сепак се покажа дека тимот има потреба од уште еден играч на десната дефанзивна позиција.
Така Алвеш со сигурност ќе ги пропуште натпреварите против Атлетико Мадрид и Сантандер а истовременои првиот 1/8 финален натпревар против Штудгард во Лигата на Шампионите.
Повредата на Туре е слична но на левата нога. Тој беше заменет во средината на второто полувреме од страна на Рафа Маркес кој што до крајот заработи и црвен картон. Сепак повредата му е малце полесна па се прогнозира дека тој ќе се врати на терените за 10 до 15 дена.
Тренерот Гвардиола сепак ќе има доста сериозни проблеми за тешкото гостување кај Атлетико Мадрид на Винсенте Калдерон, со оглед на фактот дека покрај двајцата повредени во тимот нема да ги имаи Маркес и Пике кој што ќе бидат казнети. |