|
Реал Мадрид продолжува да ја следи Барселона во чекор после синоќешната победа над Еспањол со 3-0..
Во своето интервју за Марка веднаш после натпреварот, чилеанскиот стратег изјави дека е комплетно задоволен од прогересот на играта а воедно и од резултатот.
„Задоволен сум од тоа како играме, од натпревар во натпревар играме се подобро и подобро конечно ја добиваме нашата фудбалска филозофија, и тоа без Кристијано Роналдо во игра“, изјави тој.
Во однос на моменталнта состојба на табелата и континуираната негатива во однос на Барселона од пет поени Пелегрини изјави дека остануваат уште 17 кола до крајот и не се знае што може да се случи до тогаш.
„Барселона е лидер моментално но тоа не значи дека ние се откажуваме од шампионската трка, ни преостануваат уште 17 кола при што Барса гостува кај нас на Бернабе“.
Што се однесува до играчите Пелегрини низ неколку зборови проба да ја опише играта на своите избраници. „Игуаин покажа дека го заслужува местото помеѓу првите 11, тој не е таму моментално поради повредата но погледнете тој влезе и повторно имаше време да постигне погодок“.
„Гути исто така не е комплетно опоравен, Гранеро е во многу добра форма. Тешко е да кажам нешто повеќе за Кака бидејќи тој исто така беше надвор од терените еден месец но тој ќе стане многу важен фудбалер за нас“. |