Автобусот на Јуве се судри со полициска патрола
Недела, 07 Февруари 2010 12:05

Гостувањето на Јувентус кај Ливорно не само што започна лошо на теренот туку продолжи доста лошо и по патот на бјанконерите накај дома.

После нерешениот исход од 1-1 на Армандо Паки фудбалерите на Јувентус на пат накај хотелот Палацо каде што тимот на Закерони беше сместен се судрија со полициски патролен автомобил.

Во судирот, како што може и да се очекува, повеќе настрадале полицајците при што еден од нив е лесно повреден, во редовите на Јувентус пак нема никаква повреда помеѓу играчите и стручниот штаб.

Причината за сообраќајката било неконтролираното движење на патролниот автомобил по што шоферот на автобусот немал време да реагира.

По сообраќајката автобусот продолжил на пат кон хотелот за да подоцна го одвезе тимот на Јувентус на аеродромот во Пиза.

МК Радиа

Анкета

Кој ќе биде Светски Шампион во Фудбал?
 

Присутни

Има 7 гости присутни
Сподели на FaceBook
Следете не на Facebook