Арсенал му нуди на Цеск нов договор вреден 30£ милиони за да ги одтргне Барса и Реал
Недела, 07 Февруари 2010 12:00

Според медиумите од Англија, екипата на Арсенал му нуди на својот капитен Цеск Фабрега нов петгодишен договор со цел да го одтргне интесот на Барселона и Реал Мадрид.

Во последната недела, по поразот на Арсенал од Манчестер Јунајтед иднината на Цеск Фабрегас е една од главните теми на медиумите ширум Европа.

El Mundo Deportivo прв излезе со сторија дека Цеск Фабрегас веќе им соопштил на свои блиски пријатели дека решил по крајот на сезоната да го напушти Арсенал за преселба во Барселона.

Каталонскиот Sport исто така објави дека Лапорта е подготвен да ја заврши работата што не успеал минатото лето и да го врати Фабрегас на Камп Ноу во трансфер вреден над 40 милиони евра.

Самиот играч призна дека никогаш не ја криел желбата да се врати во Барселона но нагласи дека не знае кога ќе се случи тоа.

Покрај, Барселона за услугите на Фабрегас голем интерес пројавува и Реал Мадрид но Топџиите не сакаат да слушнат за продажба на својот капитен.

Па затоа тие се подготвени да му понудата на Шпанецот нов договор и покрај тоа што сегашниот истекува дури во 2014.

Според Sunday Mirror, Арсенал на својот капитен ќе му понуди петгодишен договор вреден околу 30 милиони фунти.

Неделната плата на Фабрегас ќе биде околу 120 000 фунти со што плејмејкерот ќе стане играч со најголема плата во историјата на Топџиите.

Арсен Венгер се надева дека ваквиот потег ќе осигура дека Фабрегас ќе ги одбие Барселона и Реал Мадрид и ќе остане на Емирати.

 

МК Радиа

Анкета

Кој ќе биде Светски Шампион во Фудбал?
 

Присутни

Има 7 гости присутни
Сподели на FaceBook
Следете не на Facebook