Морати: Мурињо е тајната зад успехот на Интер
Недела, 07 Февруари 2010 11:58

Претседателот на Интер, Масимо Морати упати многу пофални зборови кон својот стратег Жозе Мурињо и вели дека Портгуалецот е тајната зад успехот на Нероаѕурите.

Масимо Морати говореше на трандиционлната годишна конференција на Координаторите на Клубот Интер.

“Можам да ви ветам дека Интер ќе продолжи да игра добро во Италија. Исто така имаме желба тоа да го преточиме и на интернационалната сцена.” – рече Морати.

“Имам голема почит кон нашите играчи и нашиот тренер за континуитетот кој го прикажуваме, преку карактерот и професионализмот. Гледам голем доказ за тоа на тренинзите.”

“Тоа можам да го видам кај постарите играчи, кои се дел од Интер подолго време но исто така и од новите засилувања.”

“Сите тие се водени од една умна личност – Жосе Мурињо – кој се карактеризира со професионалност и брилијантност.”

“Нашиот тренер е навистина голем професионалец. Причината за мојата почит кон него е неговата посветеност што ја покажува секогаш, работи напорно, тој е извонреден.”

“Тој работи конзистентно, никогаш не ја занемарува целта што треба да се исполни. Она што Мурињо го прави е многу важно за нас и нашата конзистентност. Тоа е нашата тајна.”

“Тој сето ова го покажа на последните неколку натпревари, каде што беше очигледно дека тој и тимот во ниту еден момент не ја загубија својата намера.

“Мурињо и тимот секогаш играат за да победат.”

“Сега се фокусираме на шампионатот, кој е многу важен, но исто така не чека и обврската во Лигата на Шампионите на 24 февруари.”

“Посакуваме на најдобар можен начин да му пристапиме на дуелот со Челзи, физички и ментално.”

За новите засилувања кои пристигнаа во Интер оваа сезона, Морати рече: “Ангажиравме добри играчи.”

“Снајдер е многу важен за нашата игра, Милито секогаш постигнува погодоци, Ето е модел за професионалец, Тиаго Мота работи напорно за да го даде најдоброто, Лусио е извонреден дефанзивец.”

“На Пандев му оди одлично и веќе извонредно се вклопи во тимот. Марига е добар играч со огромен потенцијал за напредок.”

“Навистина сум задоволен од работите на трансфер пазарот.”

 

МК Радиа

Анкета

Кој ќе биде Светски Шампион во Фудбал?
 

Присутни

Има 9 гости присутни
Сподели на FaceBook
Следете не на Facebook