Јуве цели кон ангажман на Шкртел и Бејл за засилување на дефанзивата
Недела, 07 Февруари 2010 11:43

Според медиумите од Англија, екипата на Јувентус посакува да ја засили одбраната со двајца играчи од Премиер Лигата – Шкртел од Ливерпул и Бејл од Тотенхем.

Старата Дама се поврзува со ангажман на голем број играчи по крајот на сезоната како дел од новиот проект кој би требало да го започне нов тренер.

Нападот и одбраната се посочуваат како департманите кои ќе се засилат а според медиумите од Англија, Јувентус посакува двајца играчи од Премиер Лигата.

News of the World вели дека помеѓу желбите на Јув е 25 годишниот централен дефанзивец на Ливерпул, Мартин Шкртел.

Таблоидот објави дека Бјанконерите се подготвени да одвојат 8 милиони фунти (нешто над 9 милиони евра) за интернационалецот од Словачка да се пресели во Торино.

The People пак вели дека на мета на Јувентус е левиот бек на Тотенхем, Герет Бејл.

За услигите на интернационалецот од Велс, кој исто така може да оперира и по левата крилна позиција Јуве е подготвен да одвои 13 милиони фунти (околу 15 милиони евра).

Медиумите од Италија претходно најавија дека Старата Дама за летниот трансфер период ќе има буџет околу 50 милиони евра.

 

МК Радиа

Анкета

Кој ќе биде Светски Шампион во Фудбал?
 

Присутни

Има 6 гости присутни
Сподели на FaceBook
Следете не на Facebook