| Лампард: Челзи е дел од мене |
| Недела, 07 Февруари 2010 11:36 |
|
Во интервју за официјалната страна на Челзи, Френк Лампард говори за периодот кога Жозе Мурињо го напушти Челзи и сакаше да го ангажира во Интер. Лампард признава дека сериозно размислувал за тоа, но на крајот е среќен што останал на Стемфорд Бриџ и што може да ја заврши кариерата во Синиот дрес. "Да бидам искрен, на моменти размислував за тоа. Тоа беше тежок период за мене и за мојот живот, сите знаат што чуствував јас за Мурињо" - вели Лампард. "Никогаш не сум размислувал да го напуштам Челзи и да заминам во друг англиски тим, тоа би било невозможно за мене". "Сeга сакам тука да ја завршам кариерата, но тогаш не знаев што сакам да правам". "Мислев дека можеби тоа треба да го направам со цел да пробам нешто поразлично во мојот живот, но мислам дека ја донесов најдобрата одлука, да не заминам, размислив што сакам да правам и размислив што ми даде Челзи на мене". "Никогаш нема да заборавам на зборовите на моите родители кои ми велеа, кога ќе заминеш од теренот не заборавај дека сите го скандираат твоето име, не заборавај што овие луѓе му даваат на момче што израсна во Вест Хем и премина во друг дел од Лондон". "Такви работи ме тераат да размислам и мислам дека ја донесов вистинската одлука". "Многу работи се случија во мојот живот, и размислував што да направам за да излезам од тоа". "Ќе беше погрешна одлука доколку заминев во Интер. Тоа е фантастичен клуб со голем менаџер, но не е Челзи и сега чуствувам дека Челзи е дел од мене" - заврши Лампард.
|