Кака: Секој ден сум се подобар
Недела, 07 Февруари 2010 11:34

Ѕвездата на Реал Мадрид, Кака вели дека секој ден е се подобар и повредата која го мачи полека станува минато.

Кака синоќа го постигна вториот гол за Реал Мадрид на натпреварот против Еспањол кој кралевите го добија со 3-0.

Бразилецот кој не ги покажуваше очекуваните перформанси, вели дека од ден на ден се чуствува подобро.

"Секогаш е важно да се постигне гол. Тоа му помага на тимот и влијае на зголемување на самодовербата" - изјави Кака по натпреварот.

"Секој ден се чуствувам се подобро и тоа се познава на теренот. Препоните беа главниот проблем кој го имав, тоа не ми дозволуваше да играм онака како што сакам".

"Кристијано е голем фудбалер но тимот не може да зависи од поединец".

"Секоја следна недела играме се подобро. Не можеме да губиме повеќе бодови. Мораме да продолжиме да победуваме и да чекаме Барса да загуби бодови" - заврши Кака.

 

МК Радиа

Анкета

Кој ќе биде Светски Шампион во Фудбал?
 

Присутни

Има 5 гости присутни
Сподели на FaceBook
Следете не на Facebook