04Јун
Рафаел Бенитес замина од Ливерпул
Англискиот фудбалски клуб Ливерпул и тренерот Рафаел Бенитес после шест години ја прекинаа соработката со взаемна согласност – соопштува денеска англискиот прволигаш.

- Тажен сум што морам да соопштам дека веќе нема да бидам тренер на Ливерпул. Благодарен сум на сите вработени во клубот и на фудбалерите за трудот – навел Бенитес со соопштението.

- Ви благодарам уште еднаш и запаметете: Никогаш нема да одите сами – додал Бенитес, цитирајќи ја навивачката песна на фановите на клубот.

Повеќе...
 
04Јун
Лејкерси поуспешни од Бостон

Во првиот меч од финалната серија на НБА лигата, кошаркарите на Л.А. Лејкерс остварија победа над Бостон со 102:89.

Најефикасен кај Лејкерси беше Коби Брајант кој постигна 30 поени. Пау Гасол имаше 23 поени и 14 скокови, а Рон Артест постигна 15 поени.

Во тимот на Бостон, Пол Пирс постигна 24 поени, а Кевин гарнет 16.

Повеќе...
 
03Јун
Барса почна официјални преговори за Фабрегас
Актуелниот шпански првак Барселона вчера потврди дека е испратена официјална понуда со Арсенал за Цеск Фабрегас со што ги почна преговорите за трансфер на 22-годишниот плејмејкер. Неофицијално, висината на понудата изнесува 30 милиони фунти, но каталонскиот гигант е подготвен за преговори, па сумата може и да се зголеми. Арсенал засега одбива да даде коментар во врска со изјавата од Барселона, но никој во клубот не крие дека најголема желба им е да го задржат Фабрегас во клубот до крајот на договорот што истекува во 2015 година.
Повеќе...
 
04Јун
Фановите на Ливерпул демонстративно палат американски знамиња
Околу 500 фанови на Ливерпул го окупираа главниот влез на стадионот Енфилд откако стана јасно дека менаџерот Рафа Бенитез ќе го напушти клубот.

Шпанецот продолжува да има огромна поддршка од страна на приврзаниците на црвените кои не ја прифаќаат разделбата со него и посака сопствениците Том Хикс и Џилет да го напуштат клубот.

Повеќе...
 
03Јун
Будење на духовите од минатото
А таа трка почна уште во времето на кошаркарскиот палеолит, далечната 1959 година. Лејкерси се' уште беа во Минеаполис (поради тоа и името „езеџии“), а во целата НБА-лига се натпреваруваа само осум екипи. Само таа, прва финална серија меѓу ривалите заврши со „метла“ - 4:0 за Бостон. Лејкерси набргу се преселија во големиот Лос Анџелес и стана шминкерска франшиза чии трибини ги напаѓаат холивудските ѕвезди.
Повеќе...
 
Лист 2 од 117

ПочетокПред12345СледноКрај

МК Радиа

Анкета

Кој ќе биде Светски Шампион во Фудбал?
 

Присутни

Има 3 гости присутни
Сподели на FaceBook
Следете не на Facebook