03Јун
Македонија ја совлада Романија

Фудбалската репрезентација на Македонија ја продолжи успешната серија на пријателските натпревари, совладувајќи ја синоќа Романија со 1:0.

Натпреварот се одигра на неутрален терен, во австрискиот град Вилах, а стрелец на единствениот гол во 27 минута беше стоперот Ванче Шиков.

Голот беше по изведен корнер од десната страна, при што највисоко скокна Шиков и со глава го постигна единствениот погодок на натпреварот.

Повеќе...
 
03Јун
Русија стравува од терористички напади во пресрет на Олимпијадата

Екстремистите подготвуваат терористички напади што би го загрозиле одржување на Зимските олимписки игри во 2014. година во Сочи, изјави денеска шефот на Руската разузнавачка служба(ФСБ) Александар Бортников.

„Реална опасност од Ал Каеда доведе до откажување на релито Париз-Дакар во 2008. година, што беше првпат во историјата на одржувањето на тоа автомобилско рели“, рече Бортников во разговор со колегите од Заедницата на независни држави.

Повеќе...
 
03Јун
Почнува НБА финалето ЛА Лејкерс – Бостон

Со натпреварот што доцна вечерва ќе се одигра во „Стејпл центарот“ во Лос Анџелес стартува финалната серија во НБА плеј-офот каде ќе се судрат последните два шампиони актуелниот Лос Анџелес Лејкерс и првакот од 2008 година Бостон Селтикс.

Ова ќе биде 12-то финале во кое играат  двата најуспешни тима во историјата на НБА лигата. Досега Бостон има 17 титули, а ЛА Лејкерс 15.

Повеќе...
 
03Јун
Капело се откажа од Тео Волкот
Селекторот на англиската фудбалска репрезентација, Италијанецот Фабио Капело, се одлучи да го избрише од списокот на патници за претстојното СП во Јужна Африка брзоногиот крилен фудбалер на Арсенал, Тео Волкот. - Крилниот напаѓач на Арсенал ја плати цената поради неизвршување на зададените упатства од страна на селекторот Капело на последните два пријателски натпревари.
Повеќе...
 
03Јун
Интер: Ние не стоиме зад заминувањето на Бенитез од Ливерпул

Од Интер реагираат на гласините дека тие одиграле главна улога за раскин на договорот помеѓу Рафа Бенитез и Ливерпул.

Рафа Бенитез е пред заминување од Ливерпул, доцна синоќа излезе информацијата дека тој ќе добие оштета од 3 милиони фунти и ќе си оди од Енфилд.

Интер се поврзуваа со Бенитез како еден од можните наследници на Жозе Мурињо кој се пресели во Реал Мадрид.

Повеќе...
 
Лист 4 од 117

ПочетокПред12345СледноКрај

МК Радиа

Анкета

Кој ќе биде Светски Шампион во Фудбал?
 

Присутни

Има 5 гости присутни
Сподели на FaceBook
Следете не на Facebook