Англичанецот Ник Њулајф во 2003-та година се обложил дека Роже Федерер седум пати ќе го освои Грен слем турнирот во Вимблдон. До сега тој го освоил шест пати, но во меѓувреме Њулајф починал, а тикетот го подарил на хуманитарна организација. Во Велика Британија, во договор со обложувалниците, можете да се обложите на што ќе посакате, па така во 2003-та година Ник Њулајф уплатил 2700 евра на тоа дека Роже Федерер ќе го освои Вимблдон седум пати. Од обложувалницата му понудиле коефициент 67, па тој требал да добие 180.000 евра. Меѓутоа Њулајф во 2009-та година починал, но тикетот го подарил на хуманитарна организација. „Сите навиваме за Федерер оваа година. Тие 180.000 евра многу ќе им значат на децата за кои се бориме. Иако не знаме многу за тенисот, ќе се потрудиме да го следиме секој натпревар на Федерер оваа година“, изјави претседателката на организацијата. -До сега, Роже Федерер има освоено шест титули и му недостига само уште една за тикетот да биде добитен. Според обложувалниците, главни кандидати за освојување на овогодинешниот Вимблдон се Роже Федерер и Рафаел Надал. На вложени 100, ќе добиете 370 денари доколку победи некој од нив.
Извор: Он Нет