АС СПОРТ

Спортски Обложувалници

Алатки
A+ R A- wide normal
  • Skip to content
  • Правила
  • Уплатни Места
  • За Нас
  • Контакт
  • Мапа На Сајтот
  • WEB Линкови
  • Почетна
  • Билтен
    • Билтен - 145 коло
    • Додаток - 18.05.2012
  • Резултати
    • Фудбал - Live 
    • Кошарка - Live 
    • Хокеј - Live 
    • Тенис - Live 
    • Ракомет - Live 
    • Одбојка - Live 
    • Ам. Фудбал - Live 
    • Безбол - Livebaseball
    • Формула 1 - Live 
    • Телетекст 
  • Енигматика
    • Судоку
    • Сканди
    • Италијански
  • Вести
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Автомото
    • Останато
Четврток, 16 Јуни 2011 11:37
Оцени го ова
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
(0 гласови)

Клајстерс во аут, сестрите Вилијамс носителки

  • Големина на фонт намали го фонтот намали го фонтот зголеми го фонтот зголеми го фонтот
  • Печати
Клајстерс во аут, сестрите Вилијамс носителки

Светската тенисерка број 2, Белгијката Ким Клајстерс се повлече од Вимблдон поради повреда на стапалото, објавија организаторите во средата. Актуелната шампионка од УС Опен и Австралискиот Опен вели дека го повредила стапалото на Ден Бош Опен во вторникот. "Навистина сум разочарана што нема да можам да одам на Вимблдон, но го повредив повторно стапалото во Холандија. Фрустрирачки е бидејќи Вимблдон секогаш бил еден од моите омилени турнири. Секогаш уживав во атмосферата во Лондон, но сега немам друг избор освен да се одморам и да не играм тенис неколку недели", вели Клајстерс. Популарната Белгијка, која ја освои УС Опен титулата во 2009 само три турнири по камбекот од двегодишното повлекување за да се породи со својата прва ќерка, имаше несреќа со повредите по освојувањето на Австралискиот Опен. Прво го повреди скочниот зглоб на свадба кај својата братучетка по што паузираше два месеци, а потоа се врати на Францускиот Опен, каде што загуби во второто коло. Со нејзиното повлекување, актуелната шампионка Серена Вилијамс се крена на 7. место на листата на носители која ја објави Вимблдон, и покрај тоа што нејзиниот рејтинг е далеку понизок. Серена беше прворангирана кога ја освои четвртата титула во Вимблдон минатата година, за нејзина 13. гренд слем титула. Нејзината сестра Венус, која освои пет титули од Вимблдон, но сега е на 33. место на ВТА листата, исто така доби поголем носителски број и сега е 24. носителка. Сестрите, кои имаат 9 од последните 11 титули на Ол Ингланд Клубот, се "кренати" поради дискреционото право на организаторите да се осигура "балансирана ждрепка". Остатокот од ждрепката во основа ја следи ВТА рејтинг листата, со прворангираната Каролине Возниацки како прва носителка, а Вера Звонарева оригинално како трета носителка, а по повлекувањето на Клајстерс како втора. Во машката ждрепка во основа нема многу промени од АТП рејтинг листата од 13 јуни, и топ 4 се актуелниот шампион Рафа Надал, Новак Ѓоковиќ, шесткратниот шампион Рожер Федерер и Енди Мареј. Американецот Енди Родик, кој е трикратен финалист е осми носител и покрај тоа што е на 10, место на АТП листата, што значи дека ќе ги пропушти "големите 4" до 1/4 финалето. Французинот Жо-Вилфрид Цонга е 12. носител и покрај тоа што е 19. на АТП листата, откако стигна до финалето на Квинс Клаб турнирот, каде што загуби од Мареј.

Извор: Иди Види

Прочитано 1013 пати
Објавено во Тенис
Друштвено споделување
  • Сподели на Google Buzz
  • Сподели на Facebook
  • Сподели на Delicious
  • Аватар на ова
  • Сподели на Reddit
  • Сподели на StumbleUpon
  • Сподели на MySpace
  • Сподели на Technorati
Повеќе во оваа категорија: « Конечно сопрен Ѓоковиќ- не успеа да го стигне легендарниот Мекинро Починат ќе заработи во обложувалница со победа на Федерер »
врати се горе
  • Правила
  • Уплатни Места
  • За Нас
  • Контакт
  • Мапа На Сајтот
  • WEB Линкови
© АС СПОРТ - Спортски Обложувалници. Сите права се задржани.
Select style: Red Brown
Powered by T3 Framework