АС СПОРТ

Спортски Обложувалници

Алатки
A+ R A- wide normal
  • Skip to content
  • Правила
  • Уплатни Места
  • За Нас
  • Контакт
  • Мапа На Сајтот
  • WEB Линкови
  • Почетна
  • Билтен
    • Билтен - 145 коло
    • Додаток - 18.05.2012
  • Резултати
    • Фудбал - Live 
    • Кошарка - Live 
    • Хокеј - Live 
    • Тенис - Live 
    • Ракомет - Live 
    • Одбојка - Live 
    • Ам. Фудбал - Live 
    • Безбол - Livebaseball
    • Формула 1 - Live 
    • Телетекст 
  • Енигматика
    • Судоку
    • Сканди
    • Италијански
  • Вести
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Автомото
    • Останато
Четврток, 16 Јуни 2011 11:23
Оцени го ова
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
(0 гласови)

Фон Универзитет остануваа, а Металург е нов член на женската Супер ракометна лига

  • Големина на фонт намали го фонтот намали го фонтот зголеми го фонтот зголеми го фонтот
  • Печати
Фон Универзитет остануваа, а Металург е нов член на женската Супер ракометна лига

Со синоќа одиграните бараж натпревари ставена е точка на годинашната сезона во македонскиот женски ракомет. Ракометната федерација на Македонија во Спортската Арена Сонце во Прилеп ги организираше бараж натпреварите за пополнување на женската Супер лига за следната натпреварувачка сезона 2011/2012. На програмата беа дуелите меѓу 7-мопласираниот тим од Супер лигата Фон Универзитет од Струга и 4-топласираниот на крајот на Првата лига Свети Николе и последнопласираниот 8-ми суперлигаш Кичево 2010 и третиот од прволигашката конкуренција Металург од Скопје. Двата дуели донесоа доста неизвесности во кои се потврди дека кога се во прашање нокаут натпревари фаворитите не секогаш биле и победници. Но синоќа фортуната беше со тимот на Фон Универзитет. Стружанки доста среќно го сочуваа статусот член на најквалитетното друштво најмногу благодарение на својата голманка Мотеска која на неколку сеунди пред крајот успеа да го одбрани седмерецот што го изведе до тој момент најефикасната во тимот на Свети Николе Димова со што остана резултатот 24:23 кој на стружанки им овозможи уште една суперлигашка сезона. Во вториот дуел во кој на хартија важеа како големи фаворитки сепак младите ракометарки на Металург мораа да вложат дополнителни напори за пласман во елитата во дуелот со оваа сезона драстично рекомпонираниот состав на Кичево 2010. Тоа беше меч со доста пресврти и осцилации најпрвин Металург поведе со 8:2 а кичевчанки на стартот на вториот дел израмнија на 11:11. Но сепак во периодот од 50 до 53 минута тимот на тренерот Глигоров со серија голови особено на Стефановска стигна до водство од 21:16 што на крајот беше сочувано во конечна победа од 24:20 вредна за пласман во Супер лигата. Со учеството на шампионот Металург и вицешампионот Жито Прилеп во регионаната лига се менува и системот за натпревари во женската Супер лига. Двете најквалитетни екипи во домашните натпревари ќе се вклучат напролет а од септември натпреварите на домашна сцена ќе ги започнат Вардар, Ѓорче Петров, Гевгелија, Леов Бартек, двете најдобри екипи од Првата лига Феникс Битола и Куманово и победниците од бараж дуелите Фон Универзитет и Металург.

Извор: Канал 77

Прочитано 774 пати
Објавено во Ракомет
Друштвено споделување
  • Сподели на Google Buzz
  • Сподели на Facebook
  • Сподели на Delicious
  • Аватар на ова
  • Сподели на Reddit
  • Сподели на StumbleUpon
  • Сподели на MySpace
  • Сподели на Technorati
Повеќе во оваа категорија: « Денеска, вистински испит за квалитет
врати се горе
  • Правила
  • Уплатни Места
  • За Нас
  • Контакт
  • Мапа На Сајтот
  • WEB Линкови
© АС СПОРТ - Спортски Обложувалници. Сите права се задржани.
Select style: Red Brown
Powered by T3 Framework