За тоа колку вреди во моментов македонската женска репрезентација и дали овој состав е матријал за светско првенство, ќе имаме многу појасна слика попладнево, откако ќе заврши првата средба меѓу селекциите на Шпанија и Македонија, натпревар кој ќе се игра во Елче. Македонија по низа случувања, во бараж квалификациите оди без Портјанко и Кресоја, две ракометарки кои имаа запазена улога во тимот. Тоа е хендикеп кој е доста често споменуван, но и нешто на што треба да се подготвиме за во иднина, затоа што Портјанко веќе подолго време најавува крај на репрезентативната кариера, Кресоја веројатно уште доста ќе ја гледаме, а Охоланга и Ламбевска веројатно веќе никогаш нема да ги видиме во македонскиот дрес. Нормално, доколку РФМ држи до некои повисоки пред се морални принципи.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП
ПЛЕЈ ОФ ЕВРОПА
Сабота, 4.06.2011
ШПАНИЈА - МАКЕДОНИЈА 16:00
"Пабелон Есперанца Лаг" во Елче, Шпанија.
Судии: Михаел Јохансон и Јасмин Клико од Шведска
Делегат: Фелиикс Рац од Швајцарија
Плеј оф Европа:
ШПАНИЈА - МАКЕДОНИЈА
ХРВАТСКА - СРБИЈА
ЧЕШКА - Ц. ГОРА
ХОЛАНДИЈА - ТУРЦИЈА
ФРАНЦИЈА - СЛОВЕНИЈА
ИСЛАНД - УКРАИНА
ГЕРМАНИЈА - УНГАРИЈА
ПОЛСКА - ДАНСКА