Српскиот ракометен интернационалец Тихомир Додер (32) следната сезона ќе ги брани боите на скопски Вардар. Ова е првото засилување за скопјани, кои во следната сезона ќе ги води црногорскиот тренер Веселин Вујовиќ, кој се врати во клубот во мај, пред финалниот турнир во домашниот куп.
Додер е централен бек, со големо искуство, шутира со десна рака, а во Вардар беше и во сезоната 2006/07 година.
Последните информации говорат дека на добар пат е за Вардар да потпише и романскиот пикер Јулијан Стамате, кој годинава настапуваше за екипата на Букурешт, а порано и во ПИК Сегед.
Во опција е и поранешниот репрезентативец на Македонија, бекот Раде Стојановиќ, кој пред една година го носеше црвено-црниот дрес, како и Јан Собол, чешки репрезентативец и поранешен играч на францускиот Монпелје.
Извор: Нова Македонија