Со победа во седмиот решавачки меч со 4:0 во Ванкувер, хокеарите на Бостон Бруинс се освојувачи на Стенли Купот за 2011 година. Бостон поведе во првата третина со погодокот на Патрис Бержерон (14:37). Победата започна да се наѕира во вторите 20 минути откако голови за Бостон постигнаа уште Бред Марчанд (32:23) и повторно Патрис Бержерон (37:35). На три минути до последниот звук на сирената Бред Марчанд ја погоди празната мрежа на Ванкувер кои играа и без голман со цел да подигнат погодок. НХЛ титулата премина во рацете на Бостон кој по пауза од цели 39 години повторно го донесе големиот пехар во клупските простории. Ванкувер имаше најдобар коефициент во регуларниот дел од првенството. Но во финалната серија беше истрошен. Водеше со 2:0 и 3:2 во победи, но сите три победи беа изразени со само еден гол разлика. Наспроти тоа Бостон славеше убедливо со 8:1, па со 4:0, 5:2 и конечно победа на гости повторно од 4:0. Најефикасен хокеар на Бостон во целата серија беше Бред Марчанд со пет погодоци, а Мајкл Рајдер постигна еден гол помалку. Но без сомневање најзаслужен за успехот е 39 годишниот голман на Бостон Тим Томас кој прими само седум голови во исто толку мечеви во финалната серија. На Томас кој го прими Стенли Купот за победата на Бостон му беше врачен и пехарот Кон Смит Трофеј, за МВП играч на финалето.
Извор: А1