Околу 250.000 луѓе кои аплицирале за влезници за некој од 650 настани на Олимписките игри во Лондон 2012, ќе останат со празни раце.
6,6 милиони влезници за натпреварите од Олимписките игри кои ќе се одржат во Лондон во 2012 година, привлекоа 1,8 милиони заинтересирани гледачи, но многу од нив аплицираат за повеќе влезници, па еден од седум заинтересирани нема да добие ниту една влезница.
Организаторите на игрите ќе пробаат да ги утешат со тоа што ќе им понудат да купат од влезниците за кои нема заинтересираност, како на пример за натпреварите во стрелаштво.
Преку еден милион апликации пристигнале за финалната трка во 100 метри, а има само 40.000 влезници, затоа што останатиот дел од 80.000 капацитет на Олимпискиот стадион ќе биде распределен на спонзорите.
Дури и тие гледачии кои имале среќа да им биде прифатена апликацијата, нема да знаат каде ќе седат на стадионот се до мај или јуни, следната година.