Во Далас веќе неколку дена се прославува првата титула, а кошаркарот на Маверикс, Дешон Стивенсон претера па беше уапсен како се забавува пијан по улица. Полицијата примила неколку повици во кои е пријавено дека пијана личност се наоѓа во комплексот на станови. Според полицијата Стивенсон не знаел каде се наоѓа и дека е уапсен по неколку тестови на кои е утврдено дека е пијан. Од затвор е пуштен во средата, по доставената кауција. Клубот не сака да го коментира ова апсење. Стивенсон веќе десет години е во НБА лигата и имаше клучна улога во победата на Далас над Мајами во финалето. Познат е по тоа што често го спомнува Леброн , коментирајќи ја неговата кариера во лош контекст. Последните неколку дена реши уште повеќе да го провоцира така што ја носеше маичката на која пишуваше ″Hey, LeBron! How's my Dirk taste?″.
Извор: Он Нет