Следната сезона во балканската БИБЛ кошаркарска лига ќе учествуваат два македонски клуба. Во четвртата сезона од ова регионално натпреварување, покрај бранителот на титулата и актуелен македонски шампион Фени индустри, учество ќе земе и скопскиот прволигаш Торус, кој изминатава сезона ја заврши како четвртопласиран во домашното кошаркарско првенство. За кавадарчани ова ќе биде четврто учество во БИБЛ лигата, додека Торус ќе дебитира на меѓународната сцена.
Досега учеството го имаат потврдено единствено уште босанските претставници Зрињски и Мостар, додека од кај источниот сосед е познато дека Балкан го откажа учеството. Бугарите ќе треба официјално да ги потврдат Левски и Рилски спортист. Црна Гора, Србија и Романија исто така се уште ги немаат официјализирано своите натпреварувачи., исто како и Хрватска. Црна Гора и Србија треба да пријават по два клуба, а Хрватска и Романија по еден.
Извор: + Инфо