Екипата на Арсенал се договори со напаѓачот Жервињо и тој до крајот на неделата ќе премине од Лил за 12 милиони евра. Напаѓачот од Брегот на Слоновата Коска до крајот на оваа недела ќе потпише четиригодишен договор и ќе биде првото засилување за Арсенал за следната сезона. Арсенал веќе ја договори и сумата за трансферот и на францускиот клуб Лил ќе му исплати 12 милиони евра. Сеуште не е позната платата за која Жервињо ќе настапува во Премиер лигата, но најверојатно тој ќе потпише договор во траење од четири години. Екипата на Лил ја освои дуплата круна во Франција оваа сезона, а Жервињо имаше голем удел во успесите на клубот со неговите 18 голови и 10 асистенции.
Извор: Он Нет