Ливерпул се поврзува со трансфер на фудбалерот на Реал Мадрид, Фернандо Гаго. Фернандо Гаго не е дел од плановите на Жозе Мурињо па тој најверојатно ќе го напушти Кралскиот клуб во летниот преоден рок. Медиумите пишуваат дека директорот на Ливерпул, Дамиен Комоли веќе започнал преговори со агентот на Гаго, Марсело Ломбиља за евентуален трансфер. Се верува дека цената определена од Реал Мадрид е 15 милиони фунти, но Ливерпул за овој трансфер е подготвен да плати 10 милиони фунти. "Гаго треба да игра и Ливерпул би бил перфектен клуб за него. Фернандо сака да се врати на теренот и да се врати на највисоко ниво а тоа во Мадрид во моментов не е возможно" - изјави агентот на Гаго, Ломбиља. Извор од Реал Мадрид синоќа изјавил: "Фернандо знае дека нема иднина во клубот". "Имаше интерес во минатото од некои италијански клубови и Астон Вила, но Ливерпул покажува најголем интерес".
Извор: 24 Фудбал