Додека во Црвена Звезда се во исчекување на Александар Тодоровски како ново засилување, Македонецот даде интервју за официјалната интернет страница на тимот од Полска. Македонскиот дефанзивец Александар Тодоровски уште во зимскиот преоден рок потпиша преддоговор со Полонија, сепак во српскиот тим се надеваа дека ќе може да ги добијат неговите услуги на десната бековска позиција. Тренерот на Црвена Звезда, Роберт Просинечки за тамошните медиуми изјави дека очекува неговиот клуб да го ангажира Македонецот, но сепак Тодоровски даде интервју за официјалниот сајт на полскиот клуб во кое ги искажа своите очекувања во новиот клуб.
-Од доаѓањето во Полонија очекувам многу, мило ми е што доаѓам во клуб со високи амбиции и се надевам дека нашите очекувања за новата сезона ќе станат реалност. Зад мене е тежок период, тренирав индивидуално да останам во форма, изјави Тодоровски.
Извор: Курир