Германците го прогласија седумкратиот Формула 1 возач Михаел Шумахер за најголема спортска личност на сите времиња во Германија. На анкетата која ја спроведе германски Билд, читателите имаа можност да гласаат за еден од 50-те кандидати. И покрај тоа што резултатите на Шумахер не се најсјајни по неговиот камбек на патеките, а овој викенд Дирк Новицки стана првиот германец кој ја освои НБА титулата, убедливо на првото место со 28% од гласовите на 56.000 читатели се најде Михаел Шумахер. Фудбалската легенда Франц Бекенбауер е на второто место со 13%, а Новицки на третото со 12,4%. Актуелниот Формула 1 шампион, Себастиан Фетел е на десетата позиција со 1,8% од гласовите.
Извор: Он Нет